За многумина аналитичари, таа воопшто не заслужи да биде така третирана. За разлика од сивите и безлични комунистички лидери од тогашниот советски блок, Тито и Јованка беа со своевиден гламур на сите нивни патишта и среќавања со лидери во светот, но и дома, земја која беше позната по прокламираното „братство и единство“ и блоковска незврзаност…
Нејзината смрт го одбележува крајот на нејзината лична приказна и драма. Секако дека се затвора една историска страница. Но, таа со време повторно ќе биде отворана од разни истражувачи, бидејќи остана нејасно како Јованка исчезна од сцената уште за времето на Тито и зошто имаше таков третман до крајот на нејзиниот живот…