Девојчето М.Г. (12) настрада во несреќен случај вчера околу 18 часот во Димитровград, Србија во својот дом, кога при неутврдени околности се задавила со јажето од ролетните. Како што дознава „Блиц“ телото на девојчето го нашло три години помладиот брат.
Околу вратот на несреќното девојче било замотано јажето за кревање на ролетните. Таа 15 минути пред трагедијата влегла во својата соба со намера да ја среди, а пред тоа си играла во дворот.
Девојчето била одлична ученичка во 5. одделение во Основното училиште „Христо Ботев“.
Полицијата изврши увид на местото на трагедијата.
Таа ќе биде погребана денеска на гробиштата во Димитровград.