Рано утринава битолската полиција била известена дека во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српци е забележано починато женско лице.
Полиција на лице место во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17 годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа.
Малолетничката, најверојатно, паднала од скутерот и од добиените повреди починала на лице место.