Џонатан О`Дрискол ги убил своите двајца браќа, 9-годишните близнаци Томас и Патрик, кои денеска беа погребани еден до друг во Ирска.
Дваесет и две годишниот Џонатан од засега непознати причини ги убил браќата со нож, по што избегал.
Полицијата го пронашла неговото мртво тело на петнаесетина километри од местото на злосторството.
Денеска Томас и Патрик беа погребани еден до друг, со сите почести кои ги наложува традицијата.
Телото на постариот брат, односно убиецот на двете несреќни момчиња, останало во црквата.
Истрагата за ова двојно убиство и самоубиство е во тек, а по нејзиното завршување ќе се знаат дополнителни детали.
Курир