Трагедија во Ниш! Татко ја убил болната ќерка бидејќи не можел повеќе да се грижи за неа


Со три истрели од пиштол вечерва во Ниш била убиена С.Џ.(35), а како што пренесува „Блиц“, за убиството виновен е нејзиниот татко.

Според зборовите на портпаролот на Високиот суд во Ниш осомничениот има околу 60 години и моментално е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

Ја усмртил ќерка си со три куршуми во градите испукани од пиштол со калибар 7,65 милиметри кој го поседувал легално, а полицијата обелодени дека пиштолот се уште е кај него.

Телото на жртвата го пронашла нејзината мајка во нивниот стан во зграда на булеварот Византија.

За време на убиството мајката била во комшии. Според изјавите на комшиите, убиената девојка од својата трета година е со попречен развој и не излегувала од дома.

Комшиите во шок изјавиле дека таткото премногу ја сакал и многу се грижел за неа.

Меѓутоа неодамна тој останал без работа, па комшиите сметаат дека тој ја убил ќерката бидејќи не можел да се грижи повеќе за неа.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1