Телата на четиричленото семејство, мајка, татко, ќерка и зет, биле пронајдени во петокот. Ќерката и зетот имале само 22 години.
– Многу ретко се случува еден гром одеднаш да убие четири луѓе, изјавил за полските медиуми Мариуш Зарод, од горската служба за спасување.
Четиричлената група планинари исчезнала во средата, по што полските и словачките спасувачки екипи организирале потрага по нив во која учествувале и кучиња трагачи и хеликоптери. Очевидци изјавиле дека на тоа подрачје беснеела невообичаено силна бура проследена со неколку силни удари на гром.