Пешак почина на лице место откако во него удри мотоцикл на кој се возеле две лица.

Foto – Kurir.mk
Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се повредени и едниот е пренесен во Ургентинот центар, а другиот во Градската болница.
Од СВР Скопје за „Република“ велат дека увидот на полицијата и на јавниот обвинител се уште се во тек и засега нема информации за идентитетот на жртвата, ниту пак за степенот на повреди на двете лица од мотоциклот.