Трагедијата кај Градец: Се преврте “БМВ“ со шест деца, загина девојче


Петнаесетгодишно девојче го загуби животот во сообраќајна несреќа на локален пат во близина на селото Градец, откако автомобил што го управувал малолетник излетал и се превртел.

Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници.soobrakjajka

Според првичните сознанија на гостиварската полиција, автомобилот „БМВ” со странски регистерски таблички околу 16:30 часот со шест малолетници се движело на локалниот пат кој го спојува Градец со автопатот Тетово-Гостивар. Од сé уште неутврдени причини, автомобилот што најверојатно го управувал 14-годишник од Градец, изгубило контрола и неколку пати се превртело, објави Алфа.

Од здобиените повреди на самото место починало едно од девојчињата, а друго како итен случај е пренесено на скопските клиники. Другите деца со полесни повреди се згрижени во гостиварската болница.

Во тек е увид на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, кои работат на расветлување на случајот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1