Треба ли да им кажете на пријателите дека дечкото / девојката ги изневерува?


Најпросто речено тоа е тоа што пријателите и треба да го прават едни за други. Сакате да ги заштитите и секако ако некој ги лаже ќе им кажете. Но истражување покажало дека барем 80 насто се мислеле и со задоцнување им кажале на пријателите дека партнерите ги изневеруваат.

Во 90 насто случаи откако ќе им кажеле на пријателите дека некој ги изневерува пријателството не е исто – но не е исто само краткорочно – по првиот шок, а потоа е уште посилно и со поголема доверба, велат психолозите.

Од страна на измамените – никој не сака да се шета со рогови, секој би сакал да знае и нормално е да очекуваат дека нивните пријатели нема да кријат таква информација од нив. Доколку сокријат и пријателот дознае дека сте знаеле а не сте кажале тоа може да го унушти пријателството засекогаш.

Од стана на пријателите кои треба да соопштат – најчести оправдувања се не е моја работа, што ако кажам, а остане со него/неа бидејќи е вљубен во уши, слеп е ионака нема да ми верува и слично. Но ставете се секогаш во ситуација на изневерениот – вие не би сакале да знаете????

Што ќе се случи ако кажете?
кога мажите изневеруваат тие често стануваат и емотивно навредливи и насилни кон своите девојки. Девојките имаат чуство дека не се вредни, дека се тие виновни. Машките ја губат самодовербата и не ретко пијат повеќе.

Оние кои изневеруваат често сеуште имаат сексуални односи и со постојните партнери, па се пренесуваат секакви венерични болести. Доколку сакате да ги заштитите пријателите од сето ова горе наведено подобро е да му ја кажете вистината.

Како да ја пренесете веста ?
најдобро е секогаш лице в лице и без одолговлекување. Тука ќе сте за да ја смирите. Секако ќе ги обезме и бес, бидете подготвени.

Што ако не ви веруваат?
овој ризик постои секако. Некои ќе мислат дека сте љубоморни, некои дека сакате да им ја растурите врската – а секако тоа ќе биде и оправдувањето на измамникот. Немој да навалувате. Дајте ја информацијата и оставете ги да си пресудат сами. Потенцирајте дека тоа сте го кажале за да ја заштитите.


Можеби некое време нема да ви се јавуваат. Тоа е сосем нормално, некои од срам за тоа што им се случило, некои од лутина. Но таа реакција е сосема нормална. Некои од нив одлучуваат целосно да ја занемарат оваа информација и продолжуваат во врска. Тоа е нивно право, доколку сакаат да шетаат со рогови вие тука ништо неможете да сторите.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1