И покрај тоа што жените се свесни дека со поранешните партнери сексуалниот живот им бил подобар, истите воглавно не жалат што тој не им станал животен партнер, затоа што сопружниците имаат друг квалитет како верност, лојалност, и татковска љубов.
Според една британска студија спроведена на над 11000 луѓе, околу 29 проценти од мажите исто така признаваат дека сексуалниот живот со поранешната е подобар отколку со сопружничката.
Кај жените пак вакваа бројка е драстично повисока, односно дури 49 проценти се изјасниле дека сексуалниот живот со поранешниот е нешто кое што никогаш нема да го заборават.
Жените не секогаш се мажат за мажите со кои што имаат најдобар секс во својот живот.
Мотивите за стапување во брак кај дамите се разумни, затоа што се концетрираат на лојалноста, верноста, потенцијалноста на мажот да биде добар татко.
И двата пола признаваат дека сексуалниот живот им станува поквалитетен како што минува времето, а тоа го покажува испитувањето во кое што дури 7% од двата пола признаваат дека најдобар љубовник во својот живот го сметаат за оној кој што им бил прв, а сексот за една ноќ ни од далеку не е такво добро искуство како сексот со сталниот партнер.