Тргнете си ги колите паркирани околу Филип 2 – утре пајак ќе ви ги однесе


Затворени улици, расчистување на паркираните автомобили околи стадионот – МВР превзема посебни безбедносни мерки пред утрешниот натпревар со Хрватска. Еве што се вели во соопштението.

 

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, а во врска со претстојниот фудбалски натпревар меѓу националните селекции на Македонија и Хрватска закажан за утре (12.10) во 20,30 часот на националната арена “Филип Втори“ во Скопје, дека ќе бидат преземни посебни безбедносни мерки со цел непречено организирање и одигрување на истиот.

Меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, утре од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците “Ленинова“ и “Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници.

Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг просторот во непосредна близина на стадионот.

Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот Илинден кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1