Тројанец во компјутерот – што да направите


 

Ако сте неискусни во сверата на технологијата и компјутерите, секој пат кога компјутерот ќе почне да кочи или да се гаси, го носите на сервис. Најчесто таму ќе слушнете две реченици, првата е, имате вирус во компјутерот, а втората е, сте закачиле тројанец.

Сите знаат што се кпмпјутерски вируси па така во овој текст ќе се задржиме на тројанците.  Најчесто се работи за некоја датотека, слика, песна или програма, која содржи скриен малвер (програма која му штети на корисникот или на компјутерот) која кога ќе се лансира или сними од интернет, автоматски се вклучува и го напаѓа компјутерот. Тројанците имаат најразлични задачи, од следење на заразениот уред, до крадење на податоци и уништување на уредот.

За заштита од овој се посилен малвер треба да ги направите следниве превентивни мерки.

Прво, користете добри антивирусни програми. Иако се верува дека сите нови антивируси се добри, сепак цената секогаш ќе има улога во тоа колкава заштита ќе добиете. Затоа е важно да се консултирата со експерти пред инсталација на билокаков антивирус.

Второ, бидете внимателни со отварање на прикачените документи во електронската пошта. Во 80% од спам пораките се крие малвер или тројанец.

Трето, кога се вклучувате на бесплатно или public wi-fi осигурајте се дека антивирусот, firewall-от и сличните програми за заштита се вклучени и спремни за работа. Тројанците можат да го заразат рутерот и преку него да ги заразат остатокот од уредите поврзани со него.

Четврто, осигурајте се дека програмите за четување и инстант месиџинг, како Скајп, МСН и Јаху не се подесени автоматски да се вклучуваат.

Петто, симнете програма која е специјализирана да се бори со малвери и тројанци. Во овој момент најдобра програма е Spybot -Search and Destroy.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1