На скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) вчера почина трудница во петтиот месец од бременоста откако дошла на Клиниката по претходна дијагноза дека во себе носи мртво бебе, пишува Република.
Кај нејзе веднаш била констатирана сепса, но поради нејзината критична состојба и обилното крварење откако и бил изваден плодот, докторите не успеале да ја одржат во живот.
Неофицијално починатата е од скопско и била на 38-годишна возраст. Според информациите на zdravstvo24.mk жената имала комплицирана бременост и искрварила, а лекарите неколку часа се обидувале да ја спасат. Од ГАК го потврдуваат случајот, а официјално соопштение најавија во текот на денот.
Телото на починатата е дадено на обдукција, а деталите допонително ќе се утврдуваат.