Има 20 државни и приватни универзитети, кои годинава ќе добијат нова генерација бруцоши. Во овој број информираме какви се цените за студирање на неколку приватни и државни универзитети.
Некои од приватните годинава ги намалија сумите за школарина, а некои, пак, се исти како и минатите години. За разлика од нив, на сите државни универзитети цената за една година студии е 200 евра во државна квота и 400 евра во квотата со кофинансирање. Сите нудат плаќање на рати.
Универзитет СУМА МОЖНОСТ ЗА РАТИ
Универзитет за туризам и менаџмент 1.000 евра Да
Меѓународен славјански универзитет 1.030 евра Да
Универзитет „Гоце Делчев“ 200/400 евра Да
Универзитет на Југоисточна Европа 1.300 евра Да
МИТ-универзитет 1.300 Да
Нова Македонија