Ципрас ја прифати оставката на Каменос


По повлекувањето на Панос Каменос од коалициската влада, грчкиот премиер Алексис Циприс набргу ќе побара доверба од Парламентот, ова го соопшти Ципрас по завршувањето на средбата со лидерор на Независни Грци.

Во изјава по средбата, Ципрас рече дека Каменос поднел оставка од позицијата министер за одбрана, а тој ја прифатил. И додаде дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци.

Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1