Циркус во Итната помош – На пациентите им бараат пари за пиво, ги пренесуваат со тегли ајвар


Една београѓанка преживеала вистинска драма откако морало да биде пренесена во возило на Итна помош Комедијата започнала откако болничарот и техни-чарот, најпрвин им барале пари за пиво на семејството на жената, а возачот за време на транспортот си дозволил да запали неколку цигари Во возилото дури во една кутија пренесувале неколку тегли ајвар.


Hitna-pomoc-vozac-pusi-dok-voziВо итната помош ги демантираат ваквите наводи, но ги повикуваат сите граѓани кои имаат какви било поплаки да се обратат кај нивната правна служба.
Еден од внуците на жената направи неколку фотографии на кој се гледа низ се што поминала неговата баба, дур стигнала во болница.
Дојдоа двајца и првин влегоа во станот, а едниот од нив му рече на мојот дедо, да му даде пари за пиво Кога виде дека бевме згрозени од таквиот однос, се насмеа и направи да изгледа дека го кажал тоа на шала, но се гледаше дека не се шали.

Генерално беа груби во нивниот однос. Не навредуваа, или нешто такво слично, но воопшто не се однесуваа како што треба кон една стара болна жена“, вели еден од внуците. Тој вели дека вистинскиот шок настанал за време на патот кон болницата.

„Влеговме во комбето во Итната помош кое се распаѓа. Кога тргнавме, возачот запали цигара во комбето и се до болницата пушеше. Јас немав што да правам освен да ја гледам баба ми во комбето кое се распаѓа, но, на шоковите им немаше крај. Тие во тоа комбе пренесуваа лутеница, заедно со пациентите“, изјавил внукот на жената кој успеал да направи неколку фотографии.

Итната помош: Фотографиите се фото – монтажа

Hitna-pomoc-tegle-ljuteniceПортпаролката на Итната помош Нада Мацура, изјавила дека фотографиите биле фото – монтажа, но, секој кој имал некаква жалба и поплака на работата можел да се обрати на нивната правна служба.

„Овие фотографии се монтирани и не се направени во некое од нашите возила. Сепак кој има поплака на работата на персоналот од Итната помош, може да дојде во нашата правна служба. Треба само да го каже точно времето и местото на кое што екипата пристигнала и ние ќе преземеме истрага“, изјавила Мацура нагласувајќи дека носењето на мобилни телефони во амбулантните возила е строго забрането.

Покрај недоличното однесување, внукот на пациентката вели дека цела недела се обидувале да издејствуваат за некој да дојде по нивната баба.
„На нејзе веќе две недели не и е добро, а пред десетина дена состојбата значително и се влоши Имала температура околу 40, но тие не сакаа да дојдат по неа. Дури кога отидов до здраствениот дом и добив некаков упут, Итната помош дојде по баба ми“, вели гневниот внук.

„За да некого го транспортираме до болницата тој мора да има упут од болницата, затоа што на основа на тоа нашата екипа добива налог за транспорт. Едноставно мораме да го оправдаме потрошеното гориво, времето на теренот и тоа што нашата екипа не е присутна во болницата. Такви се наредбите низ цела земја и така функционираме. Истото важи и доколку треба да префрлиме некого од една болница во друга. Сестрата мора да напише налог за транспорт, поинаку не може“, објаснила Мацура.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1