Црногорска обвинителка фатена како краде креми за лице


Заменичката на државен обвинител на Црна Гора, Ромина Влаховиќ, беше фатена во кражба на скапи креми за лице во еден козметички дуќан во центарот на Подгорица.lisice-hapsenje-1332406808-138190Вработените во дуќанот ја начекале Влаховиќ како скапата козметика ја става во амбалажа од поевтините за помалку да плати, објави „Побједа“. 

Сопственикот и вработените прво го забележале „вишокот“ на евтините помади во амбалажа од поскапите. За да ја одгатнат чудната појава, инсталирале камери, кои ја регистрирале обвинителката како ги „препакува“ помадите.

Во обвинителството потврдиле дека случајот е пријавен и кажале дека Влаховиќ ќе биде сослушана во својство на граѓанин.

– Засега, обвинителството не решило како ќе го квалификува кривичното дело. Постои дилема дали станува збор за грабеж или за измама – изјавила основната обвинителка Љиљана Кликовац.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1