Знајте дека ако на партнерот му подготвите вкусен десерт, во кој ќе внесете многу љубов, е многу подобар подарок од било што купено во продавница. Затоа ви предлагаме да ги направите овие вкусни палачинки, на кои сигурно нема да остане рамнодушен.
Потребно:
● 3 јајца
● 250 г.брашно (половина меко, половина остро)
● 350 мл.млеко
● 1 дцл.минерална вода
● малку сол
● 2 лажици масло
● ½ лажица рум
● црвена прехрамбена боја
Подготовка:
● Пенесто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, додајте го маслото, па млекото и измешајте.
● Со постојано мешање во јајцата додавајте малку по малку од брашното. Додајте прстофат сол и малку рум, колку смесата да добие арома, и да спречи впивање на маслото, на крајот додајте малку прехрамбена црвена боја, додека смесата стане црвена.
● Доколку смесата ви се чини дека е густа, разредете ја со минерална вода.
● Палачинките печете ги во тава за палачинки на умерена температура.
● Откако ќе бидат испечени, можете да ги филувате по желба: пудинг, крем, мармалад, мед, ореви, лешници, бадеми, овошје… Наш предлог е да ја дефинирате романтиката украсувајќи со јагоди и шлаг.
Добар апетит!
Tocka.com.mk