Туберколоза отпорна на лекови се шири во светот


Научниците откриле дека голем процент на заболени од туберколоза на белите дробови, во Африка, Азија, Европа и Латинска Америка, се отпорни на четири моќни лекови наменети за оваа болест.

Во меѓународна студија објавена пред неколку дена во Lancet medical journal, се вели дека истражувачите откриле дека отпорноста на две медицински средства наменети за оваа болест, е многу поголема отколку што претходно се мислело, со што се намалуваат глобалните напори за спречување на ширењето на болеста.

-Повеќето меѓународни препораки за контрола на туберкулозата се развиени за распространетоста на Туберколозата отпорна на лекови-ТОЛ, чија застапеност е 5 проценти. Сепак, сега во некои места се соочуваме со распространетост повисока и до 10 пати, каде што речиси половина од пациентите … пренесуваат ТОЛ видови,  се вели во коментарот на студијата на Свен Хофнер од шведскиот институт за контрола на заразни болести.

ТУБЕРКОЛОЗАТА е веќе светска пандемија. Во 2010 година беа евидентирани 8,8 милиони заразени луѓе, а 1,4 милиони од нив починале.
ТУБЕРКОЛОЗАТА која е отпорна на лекови-ТОЛ е потешка и поскапа за лекување отколку стандардната туберколоза. Таа многу почесто е и фатална.

ТОЛ- ТУБЕРКОЛОЗАТА е отпорна на најмалку двa од првата линија на лекови – изонијазид и рифампицин – додека ХДР- ТУБЕРКОЛОЗАТА е отпорна, освена на овие два вида на лекови така, и на моќниот антибиотикски тип наречен флуорокинолон и вторалинииските инјективни антибиотици.
Лекување дури и на стандардната ТУБЕРКОЛОЗА е долг процес, при кој што пациенти имаат потреба да се земаат коктел на моќни антибиотици во период од шест месеци. Многу пациенти не успеваат правилно да го завршат третманот, а тоа претставува најголем фактор за предизвикување на пораст на формите отпорни на лекови.

Аналитичарите кои ја истражувале болеста во Естонија, Латвија, Перу, Филипини, Русија, Јужна Африка, Јужна Кореја и Тајланд дошле до заклучок дека речиси 44 проценти од случаите на ТОЛ- ТУБЕРКОЛОЗАТА се отпорни барем на еден од второлиниските лекови.
Оваа болест се шири преку воздух

Според Трејси Далтон од Американскиот Центар за контрола на болести и превенција, кој ја предводи оваа студија, вели дека досега, ХДР-Туберколозата е застапена во 77 земји во светот.
-Како што се повеќе луѓе се дијагностицирани и се третираат со лекови за Туберколоза отпорна на лекови, се очекува да се појави поголема отпорност на вторалиниските лекови “, смета таа.

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1