ДРАМА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Приведен се исекол, ги плукал полицајците со крв тврдејќи дека има СИДА!


По изливот на лутина на Зоран Алексиќ (32), кој бил приведен во полициската станица поради сомнение  дека сторил кривично дело киднапирање и изнуда, еден од полицајците завршил со голема расекотина, а останатите биле облиени со крв.

Осомничениот Зоран Алексиќ, ги нападнал полицајците во полициската станица во Вождовац во Белград, откако бил уапсен поради сомнение за киднапирање на Предраг М. (28). Според првичните информации тој имал намера од родителите на киднапираниот да изнуди 400 долари.
– Притвореникот побара да оди во тоалет, по што еден полицаец појде со него. Окако влезе во тоалетот, го искрши мијалникот и со скршените делови си ја исече раката. Кога полицаецот се обиде да го спречи, Алексиќ започна да пцуе и да вика дека има СИДА и хепатит Ц. Тој, исто така, се закани дека ќе зарази сите полицајци, вели сведок кој сакаше да остане анонимен.
Имаше општа конфузија во која еден полицаец беше повреден, а останатите беа облеани со неговата крв, додава тој.
Кога полицајците успеале да го совладаат, Алексиќ бил пренесен во болница, каде што лекарите му ги зашиле раните.
Откако осомничениот бил вратен во полициската станица,  повторно направил сцена. Тој со заби ги искинал  конците од  раните, си ја цицал крвта, со која ги плукал полицајците, повторувајќи дека ќе ги зарази сите.
Соговорникот вели дека по вториот инцидент, осомничениот бил повторно вратен во болница.
Алексиќ се смирил дури во вечерните часови.
Полицаецот кој осомничениот го исекол паднал во депресија, поради веројатностада е заразен со ХИВ-вирусот.
Лекарите му рекле дека постои голема веројатност тој да е заразен, но дека ќе треба да направи тест дури за шест месеци. По една година, медицинските лица ќе знаат дали тој навистина е заразен или не.

Tags: , , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1