Видео/Фото: „Ослободите ги Пуси Рајот“, Русин заклал мајка и ќерка и напишал порака со нивната крв


Жал ми што некои лудаци го користат името на бендот, а ова убиство е или валкана провокација или дело на психопат“, напишал на свјот Твитер адвокатот на музичката група.

Руската полиција ги пронашла безживотните тела на две Русинки во нивниот стан во Казањ, со порака во која се бара ослободување на членките на панк групата Пуси Рајот“. Жртвите се мајка (76) и ќерка (38), на кои убиецот им задал неколку убоди со нож, а потоа со нивната крв напишал пораката на англиски „Ослободете ги Пуси Рајот“.

Адвокатот на членките на панк групата, Николај Полозов, изјавил за агенцијата интерфакс дека убиството е, или „нечистата провокација“ или пак „дело на психопат“ и изразил надеж дека убиецот ќе биде пронајден и казнет.

Судот во Москва на средината на месецот ги осуди трите членки на панк бендот на двегодишна казна затвор поради хулиганство мотивирано од верска омраза, откако во февруари изведоа панк молитва во Храмот Христос спасителот, во кој побарале заминување на власта предводена од претседателот Владимир Путин.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1