Видео: Мајката на ЕВА се огради од сите кои во нивно име собирале пари


Мајката на Ева во изјава дадена за 24 вести се огради од сите кои во нивно име собирале пари за операција на малата Ева.

Да потсетиме социјалните мрежи се кренаа на нозе, а многу добронамерни граѓани апелираа да се донира за малата Ева. Многумина од нив лично се чуствуваат изманипулирани што донирале и што терале свои пријатели да донираат пари за кои сега се обелоденува дека не ни биле потребни.

Факт е дека не постоеа лажни жиро сметки – сите беа пари донирани  на една жиро сметка – на семејството на ЕВА. Се поставува прашањето доколку некои имале намера да заработат на грбот на Ева, зошто би барале донациите да се уплаќаат на жиро сметката на семејството????

Сите донирани средства за Ева се на една жиро сметка и на телефоните за донации кои во име на Ева ги отворило семејството.

Луѓето кои донирале по 10 август, период кога најмногу донации се слеале за Ева, а таа веќе била оперирана и дополнителни средства не требале, сакаат тие средства да се пренаменат за дете на кое навистина му е потребно.

повеќе информации за случајот – ЛИНК  до претходните текстови на оваа тема.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1