Осомничениот з аубиство на бизнисменот Драго Машуловиќ во Мирјево е уапсен денеска, изјави српскиот министер за полиција Небојша Стефановиќ.
Машуловиќ е пронајден мртов на 1. февруари во гаражата од зградата во ул. Јованка Радаковиќ во Мирјево. Одредени медиуми пишуваа дека 61-годишен бизнисмен е брутално убиен по што му се отсечени екстримитетите.
Министерот рече дека во тајна просторија во станот на осомничениот е пронајден дел од екстремитетите кои се отсечени.
-Ми се чини дека имаме добар случај, но во интерес на истрагата нема да соопштам повеќе, рече министерот за РТС.
Бизнисменот Машуловиќ е убиен со неколку удари, најверојатно со палка во тилот. Скршен му е черепот на неколку места.
Потоа хируршки му биле отсечени рацете до рамена и нозете до колкови.