Уапсен возачот на џипот кој вчера удри демонстранти во Прилеп (Видео)


prilep

Двајца граѓани беа повредени синоќа по 18 часот, кога пијан возач и неговиот сопатник влетале со џип „форд експлорер“ во толпата демонстранти кои протестираа на крстосница во Прилеп, информираат од полицијата. 

Како што информираат од МВР, возачот на џипот одбил да послуша полициска наредба, и наместо да застане како што му било наредено, ја зголемил брзината и удрил во демонстрантите.
Двајца граѓани биле повредени и префрлени во болница, каде лекарите им констатирале телесни повреди.
Прилепчаните биле пуштени на домашно лекување, а полицијата ги уапсила возачот и совозачот на џипот.

Плус Инфо

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1