Цивилната гарда во Шпанија уапси 21-годишна девојка под сомневање дека регрутира лица за да им се придружат на борците од Исламската држава во Сирија и Ирак.
Акцијата беше спроведена со помош на ФБИ.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека таа жена, следејќи ја пропагандата на џихадистите, се саморадикализирала, како и дека воспоставила онлајн врска со други џихадистички активисти, претежно жени.
Осомничената, како што е наведено, е дел од глобална мрежа, која полицијата се обидува да ја разбие веќе две години.
Шпанската полиција, од средината на 2015 година, уапси 206 лица осомничени за џихадистички активности.