Уапсиле 10 годишно девојче – билa бомбаш самоубиец


Авганистанските власти објавија дека привеле десетгодишно девојче осомничено дека се обидело да изведе самоубиствен напад во покраината Хелманд.

85e781ba-5789-4024-9e2f-418f3db2cf31Девојчето, кое било сестра на локалниот лидер на талибанските бунтовници сакала да нападен полициска контролна точка на границата предизвикувајќи експлозија со бомба скриена под облеката се наведува во соопштението на авганистанското министерство за внатрешни работи.

Уапсената рекла во полицијата дека работела по упатство на братот кој ѝ рекол да земе експлозивен појас и да тргне кон контролниот пункт на полицијата и го притисна копчето и оти ништо нема да се случи. Девојчето, меѓутоа, или не можела да го активира експлозивот или била уапсена пред да може да го изведе нападот. Портпаролот на министерството Седик Седики рекол дека таа била забележана кога се подготвувала да го изведе нападот. Репортерите во јужната провинција Хелманд пренесуваат дека девојчето бил исклучително збунето.

Талибаните, коишто во понеделникот навечер не реагира на соопштението на министерството за внатрешна работи, и претходно беа обвинувани дека ги користат деца за самоубиствени напади, што досега тие секогаш го негираа.

Спожмаи, како што авганистанските медиуми го нарекуваат девојчето, е еден од најмладите подготвувани деца и тинејџери бомбаши самоубијци, коишто, наводно талибаните ги користат за самоубиствени напади.

Во август 2011 година, авганистанскиот претседател Хaмид Карзаи, помилува неколку тинејџери бомбаши самоубијци, кои беа ослободени на церемонија во претседателската палата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1