Убиена позната фотографка: Го преживеа Косово, ранета во Сараево, скршила нога во Белград, убиена во Авганистан


Фоторепортерката на Асошиејтед прес, Ања Нидрингхаус, денеска е убиена во престрелка во Авганистан, а нејзината колешка Кети Ганон
е тешко ранета.

1101588-454060-anja-nidringhaus-fФоторепортерката на AP Ања Нидрингхаус(48), денеска беше убиена во Авганистан, додека новинарката која ја придружувала на работната задача е тешко ранета. Ања беше дел од тимот кој во 2005-тата година ја доби Пулицеровата награда за фотографии од војната во Ирак. Освен наградата, таа доби и бројни повреди и трауми во текот на својата кариера.

Ганон е тешко ранета и моментално се наоѓа во болница, а Ања починала на лице место. Потврдено е дека напаѓачот бил полицаец.

Нидрингхаус престојувала во Авганистан поради изборите кои се закажани за утре. Во Авганистан беше убиен и шведскиот новинар Хилс Хронер, кој го изгуби животот на 11 март. Само десет часа подоцна, истакнати авганистански новинар е убиен заедно со уште осум лица, кога на нив пукале Талибанци во луксузен хотел во Кабул.

Најпознатата фоторепортерка на светот, Ања Нидрингхаус, ги следеше сите светски судири, меѓу другото, известувала од војните на просторите на поранешна Југославија, каде цело време си го ризикувала животот. Известувала и од Израел, Палестина, Пакистан…

Уште првиот ден по доаѓањето во Сараево, во времето на војната во Босна, на почетокот на деведесеттите, таа била ранета со куршум од снајпер. Во текот на антивладините демонстрации во Белград, во 1997 година, ја прегазил автомобил додека известувала. Стапалото и било скршено на три места. На Косово, во 1998 година, нејзиниот автомобил бил погоден од граната, а во 1999-тата година во Албанија била дел од група новинари кои по грешка биле бомбардирани од страна на авионите на НАТО.

Врз германската фоторепортерка Ања Нидрингхаус и канадската репортерка Кети Ганон денеска било стрелано во источниот дел на Авганистан. Новинските агенции јавија дека тие се наоѓале во провинцијата Кост кога биле нападнати од човек облечен во авганистанска полициска униформа.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1