Убиецот на децата во Конетикат е помалиот син 20 год Адам, мајка си ја убил дома со истрел во лицето


ubiec konetikatИако медиумите и полицијата прво мислеа дека убиецот кој направи масакр во училиште во Конетикат и уби 27 лица меѓу кои 20 деца, е 24 годишниот Рајан Ланза, син на наставничка во училиштето, по препознавањето на телото следел шок.

Убиец не бил Рајан туку неговиот брат, помладиот син на наставничката – 20 годишниот Адам Ланза. Момче кое било аутистично.

  rajan lanza24 годишниот Рајан (фото лево) самиот дошол во полициската станица откако чул за настанот и помогнал во расчистување на случајот.

Со негова помош е идентификувана и жртвата во нивната куќа.

Имено Адам прво ја убил својата мајка во нивната куќа, со истрел во лицето, а потоа со автомобил заминал во училиштето.

KNXV_Adam_Lanza_2005_20121214173816_320_240Бил облечен во борбена облека, со панцир и маска на лицето. Бил вооружен со 2 оружја, а во автомобилот го чекала уште една наполнета пушка.

Адам по пукањето се самоуби со истрел во главта. Потврдено е дека меѓу убиените се 20 деца на возраст од 5 до 10 години и 6 возрасни.

Адам бил аутистичен и имал пореметување на личноста, изјавил за медиумите неговиот брат Рајан.

Обама заплака за убиените дечиња – знамињата на половина копје во САД (Видео)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1