Убиство во Ливерпул: Осомничени фановите на Ареснал


Натпреварот меѓу Ливерпул и Арсенал ќе остане во сенка на трагичниот настан, во кој што загинал триесетгодишниот Стјуарт Смит, по нападот на навивачи на Арсенал.

Полицијата уапсила четворица навивачи од Лондон. Полицијата во англискиот град Ливерпул, соопштила денес дека уапсила четворица навивачи на Арсенал, поради сомнение дека за време на натпреварот на двата клуба минатиот викенд, во центарот на градот, учествувале во убиството на еден навивач на домашниот клуб. Триесетгодишниот Стјуарт Смит починал во Кралската болница, откако го нападнале навивачи од Лондон.

Четворица од осомничените биле приведени за време на натпреварот, додека се наоѓале на трибините на гостинските навивачи. Полицијата има сознанија дека постои човек кој што на лице место, со мобилен телефон, го снимил целиот напад.

„Полицијата е подготвена да разговара со сите кои имаат каква било информација или докази за целиот инцидент. Нашите луѓе работат на пронаоѓање на личноста за која се верува дека, дел од инцидентот го снимила на мобилен телефон“, било соопштено од полициската управа во округот Мерсисајд. Натпреварот од третото коло од Премиер лигата заврши со победа на Арсенал од 2:0.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1