Убиство во Орман – дедото си го убил зетот


Поднесена кривична пријава против 76 годишниот З.К. од Охрид поради основано сомневање дека е сторител на кривично дело убиство.

З.К. со еден куршум од ловечка пушка, го застрелал неговиот зет, 53-годишниот Ѓорѓи Б. од Охрид. Настанот, се случил синоќа во Орман – охридско, околу 19:50 часот во семејната куќа на пријавениот, каде претходно, пристигнал сега починатиот.

По претходна вербална расправија, убиениот упатил заканувачки зборови по неговиот, и животот на останатите членови од семејството. Во еден момент, сега починатиот, се обидел преку прозор да влезе во домот на пријавениот, кој, пак сакајќи да го заплаши, ја земал ловната пушка која била поставена на една од вратите во куќата, и мислејќи дека е празна, ја насочил кон неговиот зет и испукал еден куршум во пределот на градите.

З.Ш. е приведен, а на местото на настанот е извршен криминалистичко технички увид, во присуство на Истражен судија, јавен обвинител и доктор патолог. На лице место, пронајдена е ловната пушка, една чаура од испукан куршум, како и други предмети, кои се предадени на вештачење во МВР на РМ.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1