Учениците ја бранеа професорката со која ,,оргијале,, – сексот со професорката беше доброволен


Тие не сметаат дека биле жртви и дека сексуалните односи кои што ги имале биле на доброволна основа.



Бритни Никол Колепс (28), професорка по англиски, од американскиот град Арлингтон во Тексас, за време на отсуството на нејзиниот сопруг, организирала оргии со петмина ученици. Судот поради тоа ја осудил на пет години затвор.

Сепак, интересно е тоа што учениците не покренале никакво обвинение, туку напротив застанале во нејзина одбрана. Тие не сметаат дека биле жртви и дека сексуалните односи кои што ги имале биле на доброволна основа.
Кога во средното школо се прочуло дека професорката имала оргии со децата, еден од учениците изјавил дека не сакал да признае ништо, како на тој начин би ја заштитил.
„Се обидов да ја спасам“, изјавил еден од учениците.
Колепсова е прогласена за виновна по 16 точки, за непримерен однос меѓу наставник и ученик. За стореното дело можела да добие и казна од 20 години затвор. Единствена олеснителна околност било тоа што сите учесници биле полнолетни, инаку во спротивност ќе била обвинета за силување.
Врската со средношколците започнала со размена на СМС пораки, кои многу набрзо попримиле сексуален карактер. Два месеци во периодот од минатата година, учениците редовно го посетувале домот на професорката каде што имале групен секс.
Колепсова инаку е омажена за американски војник и е мајка на три малолетни деца.
Со учениците се гледала додека нејзиниот сопруг, кој бил припадник на морнарицата, се наоѓал на брод.
Скандалот бил обелоденет откако во јавноста се појавило видео. Видео клипот бил снимен со еден од мобилните телефони на учениците. Тој пред судот изјавил дека не сака професорката да ја изгуби работата и дека постоел преќутен договор, дека за случувањата во нејзината куќа нема да се збори на никого.
Откако ја видел снимката, сопругот изјавил дека и е бесен на неговата сопруга, но исто така изјавил дека нема да се разведе, затоа што верувал во заветот „додека смртта не не раздели“. Сопругот изјавил дека со донесената пресуда, казнети се и тој и нивните три деца.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1