Поранешната југословенска разузнавачка служба (УДБА) во 1979 година организирала група Хрвати да постават бомба во Сиднеј, Австралија, нови детали во случајот стар 33 години.
Шестмина Хрвати биле уапсени пред да ги извршат нападите, заработиле казни од 15 години затвор во 1982 та година. Тројца од преживеаните петмина, сега бараат од австралискиот суд да направи ревизија на пресудите.
Случајот е познат по називот„Хрватска шесторка“, која пак ја сочинуваа Макс Вебиќ, Вич Врајковиќ, Тони Звиротиќ, Џо Кокотовиќ, Илија Кокотовиќ и Миле Накиќ.
Биле уапсени во февруари 1979 година пред да успеат да постават експлозив на театарот „Елизабет“ за време на приредба на која присуствувале 1.600 луѓе, како и на неколку деловни објекти, биле спречени да извршат диверзија и на сиднејскиот водовод. Ги пријавил познаник, Вицо Виркез кој бил загрижен поради бомашките напади.
Специјалци им однел буквално дома, поточно во станот на Макс Вебич каде што биле пронајдени 12.5 килограми експлозив, детонатори и тајмери. Вебич бил уапсен, признал се па ги уапсиле и другите. Осудени се на по 15 години затвор, но поради добро однесување одлежале по 10.
Новите моменти во случајот се појавиле по тврдењето на поранешниот федерален обвинител дека австралискиот одбор за безбедност прикривал информации кои можеби би значеле ослободување за тогаш обвинетите Хрвати, а кои укажуваат на тоа дека ги организирала (УДБА) да извршуваат терористички напади.
Местенката ја открил новинарот Крис Мастерс, кој го сретнал Виркез во Југославија, откако тој ја отслужил скратената казна. Виркез му признал дека е Србин, и дека неговото име всушност е Витомир Максимовиќ. Го информирал и дека УДБА го инфилтрирала како агент провокатор меѓу Хрватите.