Фото: Еве како била мачена 13 год Mакедонка во Италија – Трст виа Скопје приказна во живо


Купување невести, застарени обичаи, крвави чаршафи, тепање, – вака Италија ја опишува денеска Македонија и обичаите во нашата земја.

Овие фотографии, на кои се гледаат дел од повредите на 13 годишното девојче, ги објавија сите италијански портали, заедно со деталите од грозоморната приказна за силувањето и мачењето на 13 годишното девојче од Македонија.

Девојчето живеело во Македонија со своето семејство. Семејството на 17 годишното момче, кое требало да и биде сопруг, се по потекло од Македонија, но долги години живеат Италија каде имаат регулиран престој. Живееле во местото Магера, предградие на Венеција. Двете семејства се од ромска националност.

Момчето според нивните верувања стасало за женење и неговата мајка – 34 годишната Јашер Нермин, пред неполн месец дошла во родното место во Македонија за да му пазари невеста. Го одбрала 13 годишното девојче, бидејќи многу било важно да не се ,,засрамат,, – морала да биде невина, а на 13 години е поголема веројатност девојчето да немало сексуални односи.

Фото – Јашер Нермин

На нејзиното семејство им понудила 3000 евра. Ги прифатиле, извадиле пасош за девојчето, дале полномошно на идната сверква и откако се било средено ја однела со автобус за Италија каде по 15 сетина дена требало да има свадба.

Веднаш кога пристигнало во куќата девојчето се соочило со малтретирање.

Кога пристигнале во Италија идната свекрва го викнала синот и му рекла – ова ќе ти биде жена – синот го погледнал девојчето и рекол ,, не ми се допаѓа – врати ја,, мајката се налутила и на двајцата им ставила до знаење дека свадба ќе има и точка,  раскажало 13 годишното девојче во италијанската полиција.

Кажала и опишала како секојдневно било малтретирана и од идниот сопруг и од неговата мајка. Како вистинска свекрва од пеколот, Нермин приговарала дека не чисти, добро, не вари кафе како што треба и за казна ја удирала.

Девојчето се обидело да избега, но ја нашле и ја вратиле назад, а за казна ја мачеле.

Ја ставиле да стои во када со ладна вода до глуждовите, ја намачкале со сол и со електричен кабел ја гореле со струја по нозете и рацете.

Дошол денот на свадбата – според адетите на ова семејство, кое италијанските медиуми ги опишуваат како македонски обичаи, мажот и жената треба за прв пат да имаат сексуални односи додека гостите се во дворот, а по завршената работа треба крвавиот чаршав да им се покаже на гостите – како доказ дека невестата била невина.

Ги оставиле младоженците, но ниту момчето ниту девојката не сакале да имаат односи. Момчето ја тепало младата македонка, ја обвинувало неа зошто е во таа ситуација. И тој си добил ќотек, според италијанските медиуми таткото со стол го удрил неколкупати. На крајот влегла Нермин, ја фатила девојката за рацете за да не мрда и му наредила на момчето да ја силува. Нема вие мене да ме ,,брукате,, пред гости ќе ве убијам сите – викала цело време, раскажувало девојчето.

Кога се било готово – свекрвата го зела чаршафот, го покажала на гостите и сите наздравувале и славеле. Девојчето го оставиле во собата да плаче. Успеала да ја искористи гужвата и да побегне. Стасала до улицата каде ја виделе случајни минувачи. Ги молела за помош. Кога ги виделе раните на нејзините раце и нозе, повикале полиција.

Девојчето веднаш е пренесено во болница во Венеција каде и биле констатирани бројни повреди на рацете и нозете и изгореници. Задржана е на лекување, лекарите изјавиле дека поради шокот и повредите ќе и биде потребно минимум еден месец за да закрепне.

Полицијата ја уапсило Мајката – 34 годишната Јашер Нермин и нејзиниот 17 годишен син.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1