УХМР: Попладне се очекува силно невреме- надлежните на готовс


Според информациите за хидролошката состојба, од УХМР информираат дека подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Од Министерството за транспорт и врски очекуваат сливните подрачја водостоите нагло да пораснат, па на Координативнотот се разгледуваат и превентивните мерки што треба да ги превевземат сите надлежни институции.

Претпладнево во поголемиот дел од Македонија времето е сончево, но тоа е само мала „пауза” информираат од Управата на хидрометеоролошки работи, После сончевите периоди, попладне се очекува нов бран на дожд кој доаѓа од југозапад.

mk skopje vodno sonce22

Интензитетот на врнежите ќе биде појак во текот на вечерта. Овој бран ќе трае малку подолго за разлика од синоќешниот и на места ќе донесе над 30 литри на метар квадратен. На планините повисоки од 1000 метри, особено во западниот регион, и понатаму се очекува обилен снег. Во однос на петокот, ветерот генерално ќе биде послаб, соопштуваат дежурните синоптичари.

Според прогнозите, времето ќе биде потопло поради јужниот ветар, па максималната температура ќе се движи околу 10°С низ котлините. Во котлините од јужниот дел на земјава ќе температурите ќе бидат за еден степен повисоки, а на повисоките места во западниот дел од земјата ќе биде значително постудено. Температурата во термометрите нема да се качи над 1°С, а во источниот ќе биде околу 6°С.

Во Скопје и оклината утринава е сончево, но попладнесе очекува облачно време со врнежи од дожд. Дождот ќе се интензивира во текот на вечерта и ноќта. Денеска максималните температури ќе се качат до 10°С.

Координативното тело уште еднаш препорачува:градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, а сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1