Инспектори на УЈП од Скопје и Битола извршија контрола во над сто објекти во Велес и затворија над 21 кафеани, бутици, цвеќарници и колонијални продавници, јави Дума.мк.
Било откриено дека сопствениците не издавале фискални сметки, не го внесувале дневниот промет во фискалната каса, а и книговодствените документи не ги воделе исправно.
Нивните објекти ќе бидат затворени петнаесет дена. Сопствениците се соочија и со парични казни, за физички лица во висина до 750 а за правни лица до 3.250 евра.