Во Украина во последниве неколку недели отруени се неколку епископи на Украинската православна црква, а меѓу нив е и кандидатот за шеф на Москвската патријаршија Архиепископот Павел Лебед.
Лекарите во болницата во Киев тврдат дека тој бил примен во сериозна состојба а во неговата крв бил пронајден арсен. Архиепископот веднаш бил пренесен во болница во Германија каде исто така утврдиле дека во крвта има големи количини на отров.
Лебед активно бил ангажиран во политиката, а во моментов ја извршува функцијата на заменик – гувернер на регионот на манастирската црква на Киев од владеачката партија. Покрај Лебед отруени се и уште неколку епископи на украинската автокефална Црква. И во нивната крв исто така имало големи количини на арсен.