Непознати сторители украле од паркиран камион на Нутела пет тони чоколаден крем со лешник, соопшти денеска германската полиција.
Кражбата на седум палети кутии наполнети тегли Нутела во вкупна вредност од околу 16.000 евра, се случила за време на викеднот во градот Бад Херсфелд во централниот дел од Германија.
Од тој паркинг крадци претходно краделе големи количини прехранбени производи како и пет тони кафе вредно 30.000 евра.
Паркингот од каде најмногу се краде е североисточно од Франкфурт.