УНГАРИЈА МИ ОДОБРИ АЗИЛ – ГРУЕВСКИ СЕ ЈАВИ НА ФЕЈСБУК


Унгарските власти ги прифатиле образложенијата на Груевски дека „Владата во Скопје со недемократски средства и без докази сакала да му ја одземе слободата, дека целото обвинение за набавката на службениот Мерцедес било незаконско“, а како последна во редицата образложенија е цитирана и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација која оцени дека тој бил дискриминиран од судот во Македонија.

Унгарските власти не само што нема да го екстрадираат експремиерот Никола Груевски назад во Македонија, туку во одлуката која ја донела Службата за азил и миграции се наведува дека тој не смее да биде вратен ниту во земјите од каде што пристигнал во земјата: Црна Гора и Србија. Иако се работи за трети земји со сигурно потекло, сепак животот на Груевски и таму би бил во опасност.

Груевски попладнево, повторно преку својот Фејсбук профил, потврди дека добил азил во Унгарија. Она што Груевски го пишува во статусот речиси целосно се поклопува со образложението кое унгарските власти го даваат за прифаќање на неговото барање.
Во долгото образложение кое го објавува унгарскиот весник „Маѓар Идок“ се прифаќаат сите поплаки кои Груевски ги изнел за третманот во Македонија, како за време на судските процеси против него, така и за опасноста која му се заканувала доколку заврши во затвор.

„Во последните недели Груевски добивал пораки дека го чекаат во затвор и дека таму ќе биде убиен“, го цитираат поранешниот премиер- унгарските власти.

„Во случајот на Груевски, неправото и илегалноста се до толку големи што достигнуваат ниво на прогон“, заклучува унгарската Служба за азил и миграции.

Груевски пред властите во Унгарија тврдел дека шефот на државата Ѓорге Иванов му нудел амнестија, но тој сметал дека тоа нема да му помогне затоа што „судовите во Македонија би ја отфрлиле истата под притисок од владата“.

Груевски тврди и дека му бил понуден пазар, во замена за гласање за уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

На Груевски му било сугерирано „од официјални извори дека доколку убеди пратеници да гласаат за уставните измени, тогаш ќе му се одложи почетокот на извршувањето на казната“. Тој го одбил тоа, и затоа не му било одобрено одложување на извршувањето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1