Унгарија најавиблокада на Хрватска за влез во Шенген – ако не успее да ги сопре бегалците


Унгарија би можела да го блокира пристапот на Хрватска во Шенген зоната доколку не успее во одбрана на надворешните граници на Европската унија, предупреди денеска советникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Антал Роган

ungarija granica horgos

Доколку Хрватска ги крене рамениците и рече не, не сакаме да ги браниме границите, тогаш Унгарија може само да каже дека не е подготвена за пристап во Шенген зоната, кога ќе дојде време за одлучување, изјави Роган за провладиното Радио Инфо.

Услов за влез во Шенген зоната е земјата да се обврзе дека ќе ги брани надворешните граници на Европа. Ако тоа очигледно не успева, тогаш не е подготвена за влез во Шенген зоната, изјави шефот на политичкиот комитет на Орбан.

Хрватскиот премиер денеска изјави дека Хрватска ја принудила Унгарија да прифати илјада мигранти и дека ќе продолжи да го прави тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1