Усаин Бoлт – нема веќе да трчам во Британија многу данок ми земаа од добивката


Добитникот на златен медал и една од звездите на оваа Олимпијада,  Усаин Болт изјави дека веќе нема да се натпреваруваат во Велика Британија, се додека не си ги сменат ,,лудите,, закони за данок.

Даноците на добивките на спортистите во Британија се преголеми. Велика Британија наплатува 50 отсто данок од добиената парична награда од сите спортисти кои се натпреваруваат во земјата. Иако тоа го имаат и други земји, Британија отишла чекор понатаму и данок наплаќа и од парите од спонзори што спортистите ги заработиле додека се натпреваруваат во земјата.

И покрај заработката од 20.300.000 долари само минатата година, данокот кој му го земале во Британија бил премногу за Болт. Затоа категорично изјавил дека во Британија ќе се врати да се натпреварува само доколку земјата некогаш си ја смени даночната политика за спортистите.

Даночните олеснувања за спортисти не се единствениот проблем. Неодамна за данокот се побунија и големите олимписки спонзори како Мекдоналдс, Кока-Кола и Visa,  рекоа дека нема да се согласат на поголем данок за заработката која ја имале за време на олипијадата.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1