На убавото и топло време за овој период од годината ќе се радуваме уште два дена, а од вторник попладне се очекува нашето подрачје да потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет, засилен северен ветер и позначителен пад на температурата од среда за кога се очекуваат и пообилни врнежи од дожд
Времето во Македонија денеска (недела) ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко, а по одделни котлини, речни долини и планински превои со појава на утринска магла и ниска облачност.
Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а температурата ќе достигне до 21 степен.