Петок 13 – еве што не смеете да правите и од што да се пазите


Доколку сте суеверни, никако немојте да ги правите овие работи на петок 13 посебно.petok-13

Не поминувајте под скали

Ова верување има корени од христијанството. Потпрената скала за ѕид формира триаголник, кој го симболизира Светото тројство. Баш од таа причина, суеверните луѓе никогаш не сакаат да го нарушат овој триаголник со поминување низ него.

Не истурајте сол

Некои тврдат дека Јуда истурил сол за време на последната вечера со Исус, иако никогаш нема да има цврсти докази за оваа теорија. Солта била многу скапа и редок зачин во средниот век, а се користела и во медицински цели. Лекарите исто така имале обичај, ако случајно ја истурат солта со која ги лечеле пациентите, веднаш да земат неколку зрна и да ги фрлат преку левото рамо за да ги погодат лошите духови кои ги предизвикувале болестите.

Не допирајте бубамара

Убивањето на овој инсект носи лоша среќа затоа што според верувањата на христијаните таа ја претставува Дева Марија.

Кога зевате ставете ја раката на уста

Овој обичај ни го оставија предците кои некогаш верувале дека лошите духови може да влезат во нас додека зеваме, право низ устата.

Ако кажете нешто лошо, чукнете во дрво

Уште еден древен обичај. Предците сметале дека во дрвото живеат лоши духови, па чукањето ќе ги спречи да слушнат што точно зборуваат луѓето и така тоа нема да се оствари.

Не ги прекрстувајте виљушката и ножот

На петок 13-ти никако не смеете да ги прекрстите виљушката и ножот за време или по јадењето, тврдат суеверните. Не само што е несоодветно, туку и ќе ви донесе лоша среќа затоа што Х-от симболизира тешки времиња.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1