Утре ќе биде најтоплиот ден за ова лето


Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени.toplo termometar zesko sonce

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

И во четврток под влијание на многу топла воздушна маса дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Во четврток вечер кон петок ќе има промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што ќе предизвика пад на температурите за неколку степени. Потоа и во следните денови ќе има услови за локална нестабилност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1