Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен и јужен правец.
Дневната температура од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во текот на неделата ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време.
Зголемена облачност ќе има во среда кон крајот на денот, која во текот на ноќта кон четврток ќе биде проследена со локален краткотраен дожд и појава на грмежи.