Утре топлотен бран од жолта фаза


Територијата на цела држава утре ќе биде зафатена од топлотен бран од жолат или „Алерт“ фаза, информираат од Министерството за здравство.

Согласно Акцискиот план на Министерството за здравство, здравствените институции во државава се подготвени за обезбедување здравствена заштита на евентуалниот зголемен број на пациенти поради влијанието на високите температури.

– Остануваат да важат препораките за населението по однос заштита од дирекна сончева изложеност, избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се консумира лесна храна и течности, да не се заборава на хигиената на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, потенцираат од Министерството за здрвство.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1