Сексот го ослободува хормонот окситоцин. Овој хормон е одговорен за доброто расположение и доколку денот го почнете со секс расположението ќе ве држи цел ден. ДОБРО УТРО 🙂
Го зајакнува имунитетот, ги чува ноктите, косата, коските и кожата, влијае на еластичноста и тонусот на кожата – ве прави поубави. Порталот Фемина ги сублимирал најважните придобивки од утринскиот секс. Еве зошто утринскиот секс е одлична идеја.
- Ќе бидете весели до крајот на денот. Луѓето кои се расонуваат со утрински секс ги следи ведро расположение во текот на цел ден. Сексуалното задоволство и доживувањето на оргазам во телото ослободуваат ендорфини, кои се „виновници“ за интензивирањето на вашата среќа.
- Посилен имунитет. Според неодамнешните истражувања, утринскиот секс го зголемува нивото на имуноглобулин А (IgA), антитело кои се бори со настинки и други инфекции.
- Ќе добиете нова доза адреналин. Утринскиот секс го зголемува лачењето на адреналин и му придава интензитет на сексуалното искуство.
- Нема потреба од предигра – тој веќе е спремен за акција. Додека вашиот партнер спие, тој акумулира тестостерон, а високото ниво на тестостерон е причината за неговата огромна желба за секс. Па наутро не мора да трошите време за предигра, затоа што неговата ерекција ќе ве убеди дека е спремен за акција.
- Ве разубавува. Утринскиот секс го зголемува нивото на естроген кој го подобрува тенот и текстурата на кожата и косата. Сфатете го како ваша бесплатна козметика која ви дава природен здрав блесок во текот на целиот ден. Вашето лице ќе зрачи со привлечност, а вашата коса ќе сјае.
- Ве зближува со партнерот. Сексот придонесува за лачење на окситоцин, хормонот на зближувањето. Партнерите кои се будат со игра меѓу чаршафите се чувствуваат поприврзани и позаљубени во текот на денот.
7 совети за подобар утрински секс
За целосно релаксирано да уживате во утринскиот секс и комплетно да го елиминирате чувството на непријатност, нема да биде лошо да внесете одредена доза на планирање.
- Наместете си аларм. Сигурно не би сакале да доцните на работа само заради тоа што сте го ставиле задоволството на прво место. Поставете како аларм нежна и романтична музика која ќе ви ја зголеми желбата за секс и ќе ја подготви атмосферата.
- Истуширајте се пред да си легнете. Вечерните подготовки за секс ќе ја уништат спонтаноста, но тие навистина се пожелни. Добра идеја за утринско будење е и секс под тушот.
- Земете на ноќното шкафче гуми за џвакање или бонбони за да го маскирате утринскиот здив. Оној кој го „измислил“ утринскиот секс заборавил да го спомене лошиот здив. лошата вест е што мора да станете од креветот за да ја освежите вашата уста, или пак, да го поминете сексот без бакнежи.
- Чувајте кондоми на дофат на рака. Ако не сте дел од оние парови кои планираат бременост, не заборавајте ги кондомите. Не е пожелно да го прекинувате утринското задоволство трчајќи низ домот во потрага по кондоми. Никогаш не можете да предвидите каде ќе ве однесе утринското гушкање, па секогаш бидете подготвени.
- Легнете си со минимална облека или без облека. Кога наутро ќе ги отворите очите и ќе почувствувате дека помеѓу вашите тела нема никаква преграда во форма на облека, уште повеќе ќе се разгорат вашите фантазии.
- Изберете поза „лажица“. Наутро сите сме гроги и не сме подготвени веднаш да се активираме физички. Одлична поза е таканаречената „лажица“, кога двајцата лежите настрана, а партнерот е зад вас и ве прегрнува. Ако позата која сте ја избрале ја исцрпи целата ваша енергија, голема е веројатноста повторно да потонете во длабок сон.
- Не заборавајте: вашиот надворешен изглед има споредна улога за време на утринскиот секс. Вашата бушава коса и старите пижами не треба да бидат пречка за да го достигнете врвот на задоволството. Нему не му е грижа за вашата фризура или за „линиите“ кои перницата ги оставила на вашето лице. Но, ако не се чувствувате пријатно, изберете поза која не вклучува контакт лице в лице.
Извор – Фемина.мк