УЖАС: На црната кутија се слушаат врисоци на патниците, капетанот вика и плаче (ВИДЕО)


„Копилотот Андреас Лубиц последните десет минути бил сам во кабината. Сигурно бил жив, зашто се слуша дека дише нормално. Не кажува ниту збор. Другиот пилот зад вратата го моли да го пушти во пилотската кабина, но нема одговор од копилотот. Капетанот неколку пати и заплакува“, ги раскажал Робин деталите што ги разоткрила црната кутија.

Во последните секунди од снимката се слушаат и врисоци на патниците. „Сметаме дека дури тогаш сфатиле што се случува“, објасни тој. На крајот на летот се слуша алармот што предупредува на близината на земјата.avionot-erbas500

Обвинителот додал дека нема никакви индикации дека ова било терористички чин. Лубиц е Германец и имал 28 години. Причините зошто го урнал авионот сè уште се непознати.

Пред пилотската кабина прво дошло до насилна борба кога капетанот се обидел да се врати внатре, откриле инспекторите што ја проучувале црната кутија од ербасот. Копилотот потоа ја забарикадирал вратата на кабината со седиште, а капетанот се обидувал да влезе внатре. Пилотите викале еден кон друг на германски јазик.FRANCIJA OBVINITEL

„Човекот однадвор прво тивко тропа на вратата, но нема одговор. Потоа посилно ја удира вратата, повторно без одговор“, рече еден од иследниците за Њујорк тајмс.

Четворица експерти од Интерпол им се приклучиле на француските детективи обидувајќи се да разјаснат што се случило во последните 18 минути од летот. Иследникот рече дека до таа точка комуникацијата меѓу пилотите била рутинска и опуштена.

Капетанот на авионот бил Патрик С., татко на две деца, со повеќе од 10 години летачко искуство.

Ова е копилотот кој уби 150 луѓе – имал 28 години и намерно го урнал авионот на Герман Вингс

Француското обвинителство: Копилотот намерно го срушил авионот – извршил самоубиство

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1