Сурова реалност на Клиниката за гинекологија и акушерство во Војводина. Околу десет новороденчиња годишно животот го започнуваат со одвикнување од дрога.
Скоро секој месец во клиниката „Бетанија“ се раѓа дете кое веднаш е подложено на терапија за одвикнување од наркотици.
Бројот на новороденчиња со знаци на зависничка криза е во пораст, предупредуваат од Клиничкиот центар во Војводина. Оттаму потенцираат дека мајките-зависнички најчесто по породувањето го остават детето на своите родители или пак го даваат на посвојување.
„Мајките кои се излечени или неизлечени зависници често ја кријат вистината и не кажуваат дека земаат наркотици и опојни супстанции“, објаснува началничката на Неонатологија во „Бетанија“, др.Љиљана Добриќ.
Кога ќе се роди дете од мајка која е на метадонска терапија или пак е зависник од хероин, новороденчињата веднаш покажуваат знаци на апстиненцијална криза, имаат пореметена треморегулација, дијабетес и неправилно дишење.
Управникот на „Бетанија“, Драган Будаков, вели дека родилките кои користат психотропни супстанции имаат психо-социјална заштита од сите вработени, од семејствата и од клиничките психолози и невропсихијатри.
Дали мајката-зависник ќе биде пријавена во полиција или во Центарот за социјална работа, зависи од проценките на невропсихијатрите кои работат со родилките.