Вака ги следат вашите приватни пораки: Facebook Messenger е направен за шпионажа


Фејсбук се соочува со тужба од група тужители поради наводно следење на приватни пораки на корисници поради давање на податоци на огласувачи и трговци.

fejbuk-mesindzer1Во тужбата се тврди дека кога корисниците споделуваат линк за некоја друга интернет страница преку приватна порака, Фејсбук тоа го скенира за да профитира од онлајн активностите на корисникот.Исто така, се вели дека Фејсбук ги „зграпчува“ пораките за подготовка на податоци и профитирање од делење на тие податоци со компаниите кои собираат податоци, огласувачи и трговци.

Facebook Messenger може да ги прислушкува и чита сите приватни податоци на корисниците.Се работи за апликација која им овозможува на корисниците да разговараат со своите пријатели на оваа друштвена мрежа.

Алармантно е тоа што поголемиот дел од корисниците не се ни свесни колкава количина на приватни податоци бара оваа апликација за да се користи.

reklami-na-aplikacijaТоа што би требало да знаете е дека ниту една апликација не е бесплатна. Поголемиот број бесплатни апликции се одржуваат така што ги собираат нашите лични информации како локација, име и историја на пребарување. Потоа програмерите и друштвените мрежи им наплатуваат на огласувачите и трговците така што нивните реклами ќе ги објават на точно одредени корисници, а тоа зависи од информациите кои ги собрале.

Во принцип собраните информации служат за досадните реклами кои ужасно не нервираат да се направат уште подобри.

За да можеме да користиме одредена апликација мораме да дадеме дозвола за голем број работи за кои поголемиот дел од нас не ги ни чита, а за некои дозволи не би поверувале и дека постојат:

– Дозвола апликацијата да ја промени состојбата на мрежното поврзување

– Дозвола апликацијата да извршува повици без наша дозвола

– Дозвола апликацијата да праќа СМС пораки без наша дозвола

– Дозвола апликацијата да го користи микрофонот за снимање било кога без наша дозвола

– Дозвола апликацијата да ја користи камерата за сликање без наша дозвола

– Дозвола апликацијата да ја чита нашата листа на повици

– Најчеста е дозволата за апликацијата да ги чита податоците за нашите контакти, колку често комуницираме со нив и на кој начин

– Дозвола апликацијата да ги чита нашите лични податоци и да ги проследи кон другите програмери и развојни тимови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1