Вака ќе изгледаат авионите во иднината (Фото)


Иднината на комерцијалните авиони изгледа сосема поинаку во очите на иновативните аероинжинери и дизајнери кои ги претставија новите типови на авиони, во настојување истите да бидат побрзи, поефикасни и поеколошки.

Делта Форс

Компанијата „Nortrop Gruman“ го смисли ова летачко крило на кое моторите ќе бидат вградени на горната површина на авионот, со цел да се намали гласноста на која истиот ја произведува.

Високолетач

Една од предностите на приложениот модел создаден во соработка со NASA и Boing се малата потрошувачка на гориво, намалувањето на загадувањето и гласноста на моторот.

„Дебели“

N3-X најновото чедо на НАСА, припаѓа во хибридните авиони, а во воздухот се подига со целата површина, поради што и самите крила му се мали во споредба со дебелината на трупот. На тој начин се намалува потрошувачката на горивото, како и должината на пистата за полетување.

Дабл – дабл

Уште еден од моделите со поширок труп MIt D8 има само една мана која нема да им се допадне на патниците, а тоа е смалениот број на прозори во однос на бројот на седишта, што може да создаде чуство на клаустрофобија.

Двоен бум

НАСА го смислила моделот „Amerlija“ како хибриден авион, на кој изгледа како крилата на авионот, да израснуваат директно од трупот, што би требало да овозможи поудобно летање на поголеми висини.

Во кутија

Крилата во облик на кутија за дијамнт, како на моделот на компанијата „Lokhid Martin“ и НАСА, сега се изводливи во пракса благодарејќи на ултра лесните влакна со кои се зајакнати композитните материјали.

Подигни ме

Моделот на Боинг „Sugar Volt“ го карактеризираат неговите долги крила, но најрадикалната карактеристика е тоа што има хибриден електричен мотор.

Шок тест

„Erbas VoltEr“ внесува сосема нова димнезија на електрични мотори, со своите пропелери кои се напојуваат со помош на батериите.

Суперсоник

Враќањето на суперсоничните летови може да се оствари со помош на аеродинамични облици на летала.

Во двете насоки

Овој суперсоничен авион би можел да лета во двата правци, а при ротација од 90 степени преминува во суперсоничен начин на летање.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1